Пробни Табли

 

Пробни таблици

 

Пробни таблици служат за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани, или кои биле регистрирани, но од оправдани причини останале без регистарски таблици.

 

* Издавање пробни таблички за нови возила

 

За ново возило може да се издадат пробни таблици во случај кога возилото е купено од салон за продажба на нови возила и треба да се допрати до местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.

Во овој случај пробни таблици може да се издадат со важност до 5 дена.

 

При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи :

– Фактура со која се докажува сопственоста,

– Полиса за осигурување

– Хомологација

– Лична карта на сопственикот,односно писмено барање доколку сопственикот е правно лице.

 

* Издавање пробни таблички за стари возила

 

Пробни таблици може да се издадат и за стари возила кои биле со регистарски таблички на една општина и се продадени на физичко лице или правно лице кое има живеалиште во друго населно место во Република Македонија.

Во овој случај пробни таблици може да се издадат со важност до 5 дена.

 

При издавање на пробни таблици за стари возила подносителот на барањето треба да приложи:

 

– Доказ дека возилото е одјавено (сообраќајна дозвола одјавена, вратени регистарски таблици),

– Договор за купопродажба,

-Лична карта или писмено барање доколку сопсвеникот е правно лице,

– Полиса за осигурување,

– Технички преглед доколку се работи за возило со помината регистрација.

 

 

Потврда за пробно возање

 

Потврда за пробно возење и пробна таблица на сопственикот на возилото му овозможуваат привремено користење на нерегистрирано возило на територијата на Република Македонија.

 

Потврдата за пробно возење се издава со важност до пет дена.

 

Издадената потврда за пробно возење и пробната таблица се користат за означување само на возилото за кое е поднесено барање за потврда за пробно возење и пробна таблица.

Back to Top