Одобрение

Одобрение за управување туѓо моторно возило надвор од земјата

 

Одобрението за управување туѓо моторно возило кое ја преминува границата на Реублика Македонија се издава како доказ дека возачот на возилото е легално овластен да го управува туѓото возилото надвор од границите на Република Македонија.

 

Потребни документи:

-Барање за издавање на одобрение за управување на туѓо моторно возило (во прилог на барањето –  овластувањето од правно за физичко лице, да се отпечати во меморандум на правното лице и да се завери со печат),

-Сообраќајна дозвола од возилото,

-Лично присуство на сопственикот со документ за идентификација, или овластеното лице од правното лице (лична карта или пасош)

-Лично присуство на корисникот на возилото со пасош,

 

Важност на одобрениетo:

Одобрението важи една година од денот на издавањето, а по барање на овластувачот може да важи и пократко. Нема ограничувања за бројот на влезови и излези од државата.

Back to Top