Меѓународна возачка дозвола

Меѓународна возачка дозвола

 Согласно Конвенцијата за сообраќај на патиштата од 8 ноември 1968 година, меѓународната возачка дозвола важи на територијата на сите земји потписнички на Конвенцијата.

Потребни документи за добидање на меѓународна возачка дозвола

-Формулар за добивање на меѓународна возачка дозвола (се пополнува во АМЗ – Гостивар),

-Документ за идентификација (лична карта или пасош),

-2 фотографии (45мм x 35 мм),

-Национална возачка дозвола.

-Потврда од Полиција дека нема забрана за возење.

Важност на меѓународна возачка дозвола:

Дозволата важи 3 години доколку важноста на националната возачка дозвола е подолга од три години или ако националната возачка дозвола истекува во рок пократок од три години, меѓународната возачка дозвола важи до истекувањето на важноста на националната возачка дозвола.

Одобрение за управување туѓо моторно возило надвор од земјата

 Одобрението за управување туѓо моторно возило кое ја преминува границата на Реублика Македонија се издава како доказ дека возачот на возилото е легално овластен да го управува туѓото возилото надвор од границите на Република Македонија.

Потребни документи:

-Барање за издавање на одобрение за управување на туѓо моторно возило (во прилог на барањето –  овластувањето од правно за физичко лице, да се отпечати во меморандум на правното лице и да се завери со печат),

-Сообраќајна дозвола од возилото,

-Лично присуство на сопственикот со документ за идентификација, или овластеното лице од правното лице (лична карта или пасош)

-Лично присуство на корисникот на возилото со пасош,

Важност на одобрениетo:

Одобрението важи една година од денот на издавањето, а по барање на овластувачот може да важи и пократко. Нема ограничувања за бројот на влезови и излези од државата.

Back to Top