ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА ВОЗИЛА

 Техничките прегледи се вршат со цел да се провери техничката исправност на возилата што учествуваат во сообраќајот на патиштата.

АМЗ – Гостивар е најмодерната станицата за технички преглед на моторни и приклучни возила во Гостивар и во регионот. Располага со посебни канали за лесни и товарни моторни возила, со најсовремени дијагностички апарати и уреди за утврдување на техничката состојба на моторните возила.

АМЗ – Гостивар, врши:

-Технички преглед на лесни моторни возила,

-Технички преглед на товарни моторни возила,

-Технички преглед на автобус,

-Технички преглед на приколки,

-Технички преглед на земјоделски и работни машини.

Видови на технички прегледи на моторните возила:

Редовен технички преглед:

Возила што се вклучени во сообраќајот на патиштата, со исклучок на мотокултиватори и работни машини, задолжително се прегледуваат на првиот и на периодичните технички прегледи

Вонреден технички преглед:

Вонредните технички прегледи се вршат на возила упатени со писмен налог од овластено службено лице, во случаи и на начин утврдени со Закон, заради изведување на нивна проверка. Извршениот вонреден технички преглед не влијае на рокот за извршување на периодичните технички прегледи.

Со самата регистрација на возилото во АМЗ – Гостивар,  добивате 3 бесплатни технички прегледи на возилото во текот на целата година.

ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТАЦИИ:

Регистрација на ново возило

 -Барање за регистрација (се изготвува во АМЗ – Гостивар, при што на возилото не се врши технички преглед, туку само се проверуваат идентификационите податоци),

-Царинска декларација (ЕЦД-образец 4), подмирени такси и други давачки пропишани со Закон,

-Потврда од царина

-Фактура или купопродажен договор

-Хомологација

-Полиса за осигурување на возилото со дата на денот на регистрација

-Лична карта и присуство на сопственикот (физички лица)

-Тековна состојба од Централен регистар не постарa од 6 месеци, полномошно, овластување или барање за регистрација со лична карта и присутво на ополномошениот (правни лица)

Регистрација на половно возило увезено од странство

 -Барање за регистрација (се изготвува во АМЗ – Гостивар и кои откако возилото ќе помине технички преглед во АМЗ – Гостивар , се користи како доказ за техничка исправност и не треба да е постарo од 30 дена),

-Оригинална сообраќајна дозвола (треба да биде одјавена, преведена и преводот заверен на нотар и таблиците вратени во странство),

-Доказ за сопственост (фактура или купопродажен договор од земјата на увоз, преведени и заверени на нотар),

-Царинска декларација (ЕЦД-образец 8-4), подмирени такси и други давачки пропишани со Закон,

– Хомологација,

– Полиса за осигурување на возилото (се вади после проверката на документите во МВР) со дата на денот на регистрација

– Лична карта и присуство на сопственикот (физички лица)

-Тековна состојба од Централен регистар не постар од 6 месеци, полномошно, овластување или барање за регистрација со лична карта и присутво на ополномошениот (правни лица)

Промена на сопственост (има важечка регистрација)

 – Барање за промена на сопственост (се изготвува во АМЗ – Гостивар),

-Оригинална сообраќајна дозвола (треба да биде одјавена ако е од друг град и таблиците вратени во местото каде било регистрирано),

– Купопродажен договор заверен на нотар,

– Лична карта и присуство на сопственикот (физички лица),

– Тековна состојба од Централен регистар не постар од 6 месеци, полномошно, овластување или барање за регистрација со лична карта и присутво на ополномошениот (правни лица)

Промена на сопственост (нема важечка регистрација)

 -Барање за регистрација (се изготвува во АМЗ – Гостивар и кои откако возилото ќе помине технички преглед во АМЗ – Гостивар , се користи како доказ за техничка исправност и не треба да е постарo од 30 дена),

– Оригинална сообраќајна дозвола (треба да биде одјавена ако е од друг град и таблиците вратени во местото каде било регистрирано)

– Купопродажен договор заверен на нотар

– Полиса за осигурување на возилото со дата на денот на регистрација

– Лична карта и присуство на сопственикот (физички лица)

– Тековна состојба од Централен регистар не постар од 6 месеци, полномошно, овластување или барање за регистрација со лична карта и присутво на ополномошениот (правни лица)

Продолжување  на регистрација

Back to Top